48. Илинденски марш

Коњаниците тргнуваат на пат кон Крушево

27.07.2026 12:30

Продолжува речиси петдецениската традиција, со која се чествува Илинден и се слават македонските херои, кои со положувањето на нивните животи се вградија во темелите на македонската држава...

Почнува 48. Илинденски марш. Околу 40 коњаници, меѓу кои и пет девојки попладнево, од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче ќе тргнат на пат кон востаничко Крушево. Продолжува речиси петдецениската традиција, со која се чествува Илинден и се слават македонските херои, кои со положувањето на нивните животи се вградија во темелите на македонската држава.

Коњаниците од Горно Лисиче на 31 јули ќе се обединат со учесниците од Свети Николе, Кичево и Битола, испраќајќи порака за единство, почитување на традицијата и зачувување на македонското историско наследство.