Министерство за здравство
Нови 127 прегледани гостиварчани со симптоми на ентероколит
27.07.2026 12:04
Министерството за здравство излезе со дневниот пресек за епидемиолошката ситуација во Гостивар.

Министерството за здравство излезе со дневниот пресек за епидемиолошката ситуација во Гостивар. Вчера се регистрирани уште 127 пациенти со симптоми, двајца повеќе од претходниот ден. Има и двајца хоспитализирани, еден на инфективното и еден пациент на одделението се педијатрија.
Со тоа, вкупната бројка на случаи се искачи на речиси 4 илјади и 200. Досега се анкетирани 563 пациенти, а бројот на пријави за заразна болест се искачи на 833.
