хуманост

Традиционална крводарителска акција по повод 26 јули во Скопје

27.07.2026 18:37

По одбележувањето на годишнината од скопскиот земјотрес, организирана крводарителка акција, како симбол на солидарноста...

Веднаш по разорниот земјотрес од 1963 година, граѓаните брзо се собирале за да се солидаризираат во акцијата за дарување од најскапоцената течност, на оние на кои им е најпотребна. Оттогаш останала традицијата, секоја година граѓани од цела Македонија да се сплотат и масовно да даруваат крв. Традицијата продолжува и денес. Граѓаните се свесни дека овој чин на хуманост спасува многу животи.

Во летниот период залихите на крв се намалени, со ваквите крводарителски акции се складираат резерви, за секој пациент да ја добие побаруваната крвна компонента навреме, а има и регистар на крвни дарители кои се на повик, велат лекарите.

На здравствениот систем во државава му се потребни околу 150 единици крв дневно, за непречено обезбедување на потребите на пациентите. Крводарители од цела Македонија испратија силна порака дека хуманоста и солидарноста не познаваат граници.

 

Александра Спировска