СВР – Охрид
Во атарот на Лабуништа пронајден човечки череп
27.07.2026 14:40
Според информациите од полицијата, черепот пред два дена бил забележан од полициски службеници од станицата за граничен надзор Лабуништа, а покрај него, на местото биле пронајдени и други предмети...

Човечки череп е пронајден во близина на Подгоречкото езеро, во атарот на Лабуништа, недалеку од македонско-албанската граница, соопшти СВР – Охрид. Според информациите од полицијата, черепот пред два дена бил забележан од полициски службеници од станицата за граничен надзор Лабуништа, а покрај него, на местото биле пронајдени и други предмети.
По извршениот увид, во координација со надлежните институции се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на лицето и за целосно расчистување на случајот.
