Усвоен ребалансот на Буџетот
Економски раст од 3, 5 проценти се проектира со ребалансот на државниот буџет за годинава. Буџетскиот дефицит е проектиран на 753 милиони евра, односно, 4,1 процент од БДП...

Економски раст од 3, 5 проценти се проектира со ребалансот на државниот буџет за годинава. Буџетскиот дефицит е проектиран на 753 милиони евра, односно, 4,1 процент од БДП.
Со ребалансот обезбедени се дополнителни средства за земјоделски субвенции, за субвенции во железничкиот сообраќај, за поддршка на спортот и за подобар стандард на учениците и студентите. Се обезбедуваат и дополнителни средства за ранливите категории на граѓани, односно за социјални надоместоци, здравствена заштита и народни кујни.
Ќе се обезбедат и повеќе средства за капитални инвестиции, информира министерката за финансии.
Со ребалансот, вкупните приходи се планирани на 6,17 милијарди евра, а расходите на 6,92 милијарди. Според власта, прекроената државна каса ќе овозоможи продолжување на економскиот раст. За опозицијата пак, тој не се базира врз здрава економска активност и го продлабочува долгот.
Претходно беа усвоени и амандманите за обезбедување дополнителни средства за жените кои вршат земјоделска дејност, како и за воспоставување на национална сос линија и два згрижувачки центри за жртвите на семејно и родово насилство.
Марија Котовска
