Грчки државјани спречени да прошверцуваат девизи

26.09.2014 14:29

За само една недела втор обид за шверц на девизи во Македонија. На граничниот премин Дојран запрени се двајца грчки државјани кои пренесувале речиси 140 илјади евра, во чекови и во готово. Нерезиденти можат да внесат девизи само во вредност од 10 илјади евра. Против прекршителите е подигната прекршочна постапка.

Пред три дена на Меџитлија беше спречен обид за незаконско пренесување на 175 илјади евра во чекови. А во јануари на Богородица кај грчки државјанин беа откриени чекови за неверојатни речиси еден ипол милиони евра.