Енергетика

Поскапо парно, повисоки цени и на горивата

27.07.2026 19:36

За стан од 60 квадрати, сметката повисока за 140 денари. Удар по џебот на граѓаните кои се приклучени на топловодната мрежа. Од први август, парното поскапува за 5 проценти. Од полноќ и горивата со повисоки цени...

Домаќинствата кои се греат на парно преку ЕСМ – Снабдување од 1-ви август ќе плаќаат за 5,96 насто повисоки сметки, корисниците на ЕСМ – Енергетика за 5,18, а кај поранешно Скопје – Север или „Енерго-Еколог“, покачувањето е 3,65 проценти. Регулаторна ја направи пресметката, иако, енергетските компании барале зголемување од 30 до 130 насто. За стан од 60 квадрати, сметката повисока за 140 денари.

Освен парното, ново поскапување и на горивата – дизелот за 4,5 денари за литар, бензините за 3 денари, а екстра лесното за 5 денари за литар. По донесената мерка за намалување на акцизите, од Владата најавија дека не се исклучува и можноста од намалување на ДДВ-то за горивата и одредени прехранбени производи. Од СДСМ, пак, по најновото поскапување реагираа дека се влошува животниот стандард на граѓаните.

Александра Велинова