Македонија

Министерот Серафимовски на средба со амбасадорот Рокас

27.07.2026 20:13

Во фокусот на разговорите беа реформите во земјоделството, користењето на европската поддршка и натамошното унапредување на соработката со Европската Унија.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Н.Е. Михалис Рокас. Во фокусот на разговорите беа реформите во земјоделството, користењето на европската поддршка и натамошното унапредување на соработката со Европската Унија.

Соговорниците разговараа за процесот на усогласување со европските стандарди во земјоделството и руралниот развој, безбедноста на храната и фитосанитарната политика.

„Европската интеграција во земјоделството значи посилни институции, повисоки стандарди и поконкурентно домашно производство. Нашата цел е европската поддршка да ја претвориме во конкретни и одржливи придобивки за земјоделците и за руралните средини“, истакна министерот Серафимовски.

На средбата беше потврдена заедничката определба за одговорно користење на расположливите европски фондови и за навремено исполнување на преземените обврски. Посебно внимание беше посветено на функционалноста на воспоставените системи и потребата реформите да дадат долгорочни позитивни резултати.