Куманово

Вандали сквернавеле во КУД „Српски вез“

27.07.2026 17:23

Српската заедница повика државата итно да реагира и случајот да биде расчистен...

Вандализиран објектот на културно уметничкото друштво Српски вез во Куманово. Просториите каде што со фолклорот се занимаваат над 200 дечиња, испишани со натписи „УЧК“.

Српската заедница повика државата итно да реагира и случајот да биде расчистен.

„Ова е удар на соживотот, Куманово е мултиетничка средина а ваквите провокации, директно ја нарушуваат кревката стабилност, меѓуетничките односи и духот на толеранција во градот“, истакнаа од српската заедница во Македонија.

Строга санкција побара и министерот за локална самоуправа, Иван Стоилковиќ.

Кумановската полиција потврди дека настанот е пријавен кај нив. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.