ААВМУ

И натаму молк за спортските канали

27.07.2026 17:13

Станува збор за пријавата и одобрувањето за вклучувањето на трите специјализирани спортски канали во пакетите на програмски сервиси на операторите...

Шести ден молк од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги на последното од низата прашања на Македонската телевизија поставено минатата среда – дали Агенцијата почитувајќи го јавниот интерес може да ни ги достави на увид документите за реемитување на програмата на Арена М Премиум? Станува збор за пријавата и одобрувањето за вклучувањето на трите специјализирани спортски канали во пакетите на програмски сервиси на операторите.

Сè уште нема објаснување и за потврдата од Агенцијата дека овие канали се регистрирани во Србија, а ги ниту во официјално објавениот Регистар на српското регулаторно тело ниту во базата на податоци на Европската медиумска опсерваторија. Останува молкот и за сопственоста се Арена М каналите и за организацијата на нивното целокупно работење ако се знае дека во другите балкански држави Арена Ченлс Груп формира фирми во своја сопственост.

Јавниот сервис оваа седмица ќе продолжи да бара одговори – дали во Македонија спортските канали се доверени на менаџирање на друга фирма, посредник, како и за мерките што планира да ги преземе Регулаторот за да ја потврди легитимноста на специјализираните спортски канали.