ијз

Нови случаи на западнонилска треска

27.07.2026 17:51

Податоците на институтот за јавно здравје покажуваат дека во јули се евидентирани пет случаи, од кои последниот во четвртокот...

Бројот на заразени со западнонилска треска се искачи на осум. Седум се потврдени случаи, еден веројатен. Податоците на институтот за јавно здравје покажуваат дека во јули се евидентирани пет случаи, од кои последниот во четвртокот.

Шест се автохтони случаи од Скопје и Велес, а еден случај e со историја на патување во Грција. Сите развиле потешки симптоми на централниот нервен систем и биле хоспитализирани, а тројца се веќе пуштени на домашно лекување.

Западнонилската треска е вирусно заболување, кое се пренесува преку убод од заразен комарец.