Талибанците убија над 100 лица
Стотици талибански бунтовници нападнале округ во авганистанска провинција во близина на Кабул и за пет дена убиле десетици луѓе, соопштија локалните власти, кои стравуваат дека регионот ќе падне вo раце на бунтовниците.
Нападите од талибанските борци започнале пред пет дена и според првичните соопштенија над 100 лица се убиени, од кои 15 се обезглавени. Властите во провинцијата загубиле контакт со полицијата во округот Аџерстан, кој се наоѓа во западниот дел од провинцијата. Побарана е помош од централната Влада, но досега не се испратени дополнителни воени единици.