Македонија

Третата анализа одлучувачка за водата во Крушево

28.07.2026 08:13

И вториот последователен примерок од водата во Крушево покажа дека таа е бактериолошки исправна и има соодветен резидуален хлор, но забраната за нејзино пиење и домашна употреба останува во сила. Жителите ќе мора да ги почекаат резултатите од третата, последна анализа, кои се очекуваат во текот на денешниот ден ден...

И вториот последователен примерок од водата во Крушево покажа дека таа е бактериолошки исправна и има соодветен резидуален хлор, но забраната за нејзино пиење и домашна употреба останува во сила. Жителите ќе мора да ги почекаат резултатите од третата, последна анализа, кои се очекуваат во текот на денешниот ден ден.

Проблемот настана минатиот понеделник, кога редовната анализа покажа бактериолошка неисправност, по што АХВ експресно ја забрани водата за секаква намена, освен како техничка. Оттогаш, крушевчани се снаоѓаат купувајќи пакувана вода или носејќи од околните извори.

Првиот чист примерок беше потврден во саботата, а со денешните резултати се очекува конечно нормализирање на состојбата.