ухмр

Сончево со мала до умерена локална облачност

28.07.2026 08:39

Во планинските предели ќе има услови за слаб дожд...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во планинските предели ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен, ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.