Свет

Трамп: Ако не успее договорот, Иран повторно ќе биде бомбардиран

28.07.2026 15:16

Шефот на Белата куќа рече дека решил да ги паузира борбите на барање на земјите посредници, да им даде уште една шанса на преговорите...

Американскиот претседател уверува дека се водат пријателски преговори со Техеран, но доколку не дадат резултат, Иран повторно ќе биде нападнат. Шефот на Белата куќа рече дека решил да ги паузира борбите на барање на земјите посредници, да им даде уште една шанса на преговорите.

Исламската Република негира дека се водат какви било директни разговори. Завојуваните страни се во затишје и не разменија напади три дена по ред.

Трамп денеска е домаќин на израелскиот премиер Нетанјаху и украинскиот претседател Зеленски, во момент кога војните во Иран и во Украина се во критична фаза. Двајцата лидери се во Вашингтон за комеморација за сенаторот Линдзи Греам.