Европа

Пожарите во земји-членки излегуваат од контрола - ЕУ мобилизира итна помош

28.07.2026 10:12

Во Франција пожарите зафатија околу 42.000 хектари, а пламенот е сè поблиску до Бордо. Во Шпанија пламените јазици уништија површина од 80.000 хектари.

Европската унија мобилизира итна помош додека пожарите во земји-членки излегуваат од контрола. Во Франција пожарите зафатија околу 42.000 хектари, а пламенот е сè поблиску до Бордо. Во Шпанија пламените јазици уништија површина од 80.000 хектари. Повеќе од 300.000 луѓе се евакуирани, што претставува една од најголемите евакуации во Европа предизвикани од огнена стихија.

Распоредени се сите достапни ресурси. Пожарникари од цела Франција се на терен, со околу 20 противпожарни оперативни групи, невидени воздушни ресурси и распоредени повеќе од 1.500 воени лица. Ќе продолжиме. Во текот на изминатите неколку дена се ископани и зајакнати противпожарни зони, а работата продолжува за да се запре напредувањето на пожарот.

Од Европската комисија предупредија дека пожарите се шират со голема брзина и оценија дека се потребни дополнителни ресурси и подобро управување со шумите.