Свет

Во Советот за безбедност на ОН нови обвинувања меѓу Русија и Украина по засилените напади

28.07.2026 10:44

Советот за безбедност на Обединетите нации дебатираше за Украина, по нападите на 18 и 19 јули, за кои Киев вели дека биле едни од најголемите од почетокот на војната. На седницата беше истакнато дека руските напади дополнително го загрозуваат глобалното снабдување со храна и енергија...

Советот за безбедност на Обединетите нации дебатираше за Украина, по нападите на 18 и 19 јули, за кои Киев вели дека биле едни од најголемите од почетокот на војната. На седницата беше истакнато дека руските напади дополнително го загрозуваат глобалното снабдување со храна и енергија.

Кајоко Готох, директор за Европа и Централна Азија, Оддел за политички и мировни работи и мировни операции ги наруши глобалните резерви на енергија и храна. Бидејќи Украина влезе во нова сезона на жетва, ескалацијата на руските напади врз пристаништа и товарни бродови во последните недели повторно предизвикува тревога за пошироките регионални и глобални влијанија од оваа војна.

Амбасадорите на завојуваните страни си разменија обвинувања. Рускиот дипломат истакна дека Москва нема да го промени курсот во војната, ниту ќе потпише никакви договори што не ги задоволуваат нејзините потреби … Украинскиот пак, пред Советот упати порака до партнерите да вложат максимални напори во реални чекори што ќе воспостават сеопфатен, праведен и траен мир.