Крушево

Водата во Крушево безбедна за пиење

28.07.2026 14:41

По десетина дена Крушевчани може да здивнат, водата во Крушево сега е исправна и може да се пие, покажаа резултатите од испитувањата на примероците од прилепскиот Центар за јавно здравје...

Водата во Крушево е безбедна за пиење. Уреден и третиот последователен примерок во анализите, потврдија од Центарот за јавно здравје. Се чека Агенцијата за храна и ветеринарство да даде дозвола за употреба.

Водата во Крушево е исправна за пиење, a Агенцијата за храна и ветеринарство штотуку ја повлече забраната и дозволи водата да се употребува.

Од прилепскиот Центар за јавно здравје ги добија резултатите и од третиот, последен последователен примерок за испитување со што е потврдена исправноста на водата во Крушево која сега ги исполнува условите од Правилникот за безбедна вода за пиење. Во водата има законски пропишано резидуален хлор.

Водата може да се користи за пиење, а крушевчани може да здивнат по десетина дена тешка состојба кога со вода за пиење и за домашна употреба се снаоѓаа како знаат и умеат. Тоа влијаеше и на посетата на Крушево пред празникот.

Ако во градот има исправна вода, од Центарот за јавно здравје предупредуваат дека крајпатните чешми кон Крушево не се за употреба.

Елизабета Митреска