Гостивар

Акутната фаза на епидемијата се смирува, гостиварци под засилен епидемиолошки надзор поради ризик од појава на хепатит

28.07.2026 17:05

Досега 4.300 граѓани во Гостивар побарале лекарска помош, стотина во текот на минатото деноноќие. Здравствените власти уверуваат, акутната фаза на епидемијата е во смирување. Ќе има засилен здравствен надзор, апел до матичните лекари да се следи хепатит А и Е и други заразни болести кои може да се јават со епидемијата...

Засилен здравствен надзор по можната појава на хепатит А и Е како и на други заразни заболувања по епидемијата, треба да биде во фокусот на лекарите во Гостивар. Раното детектирање е важно за да се дејствува соодветно, здравствените установи имаат тестови како и капацитети за третман, вели министерот за здравство Клековски.

Досега има над 4.300 заболени и 869 формални пријави на заболени.

109 нови случаи на заболени, бројка од 80 до 125 во последните 4 дена. Според здравствените власти епидемијата стивнува.

Се продлабочуваат анализите за текот на епидемијата, се анализираат двата система едниот е со закон пропишан, за известување за заразни болести во којшто има 869 пријавени, од друга страна се анализираат сите податоци од Мој термин поврзани со сите дијагнози како енетроколити без оглед дали се евидентирани како случај на заразна болест. Се разгледува периодот од 1 јуни наваму, се прави споредба со изминативе 12 години. Сето тоа ќе помогне за проценка, оценка и евалуација на она што се случуваше да се оцени како реагирал системот, во тоа ќе се влезе објективно. Кога имало информации, кој реагирал, како реагирал. Гостиварци имаат техничка вода која не е за пиење и готвење. Кога надлежните ќе добијат три негативни последователни теста од сите земени примероци, водата ќе може и да се пие.

 

Наташа Јанчиќ Менковски