Влада

Фокус на владата е имплементација на проектите, вели Мицкоски

28.07.2026 20:16

Протоколите не се и не треба да бидат дел од преговарачката рамка со Европската унија, категоричен премиерот Мицкоски. Сепак, Бугарија го тврди спротивното. Од друга страна, премиерот Мицкоски вели дека неговиот фокус е насочен кон работа на проекти и развој на државата...

Протоколите не се и не треба да бидат дел од преговарачката рамка со Европската унија, категоричен премиерот Мицкоски. Сепак, Бугарија го тврди спротивното, повикувајќи се на тоа што го договорила со претходната влада која, според шефот на Владата, направи егзибиции додека беше на власт.

Претходно и шефот на дипломатијата Муцунски предочи дека продолжуваат разговорите со Бугарија и со Европската унија за изнаоѓање „праведно и одржливо“ решение и деблокада на евроинтегративниот процес.

Инаку, во Нон-пејперот, зад кој стојат осум земји-членки на ЕУ, кој е поинаков од германско-францускиот документ за постепена интеграција, предвидува јасни и предвидливи правила во пристапниот процес и против воведување нови пречки за земјите-кандидатки.

Од друга страна премиерот Мицкоски вели дека неговиот фокус е насочен кон работа на проекти и развој на државата, а, како што рече, политичкото мочуриште, го остава на опозициските партии.

Миле А. Ристески