НБРМ
Народна банка: Основната каматна стапка останува непроменета – и натаму постои висока неизвесност
28.07.2026 15:56
Основната каматна стапка од 4,25 проценти останува непроменета, одлучи извршниот одбор на Народната банка.

Основната каматна стапка од 4,25 проценти останува непроменета, одлучи извршниот одбор на Народната банка. Одлуката се заснова на забавувањето на инфлацијата, која во јуни изнесувала 3,4 проценти, но и на зголемената неизвесност поради геополитичките тензии и повисоките цени на енергенсите.
Девизните резерви остануваат во сигурна зона. Домашната економија покажува отпорност.
Централната банка и натаму ќе биде посветена на одржување на стабилноста на девизниот курс и ценовната стабилност велат од Народната банка.
