Здравство
Дел од терапиите за пациентите со канцер наскоро ќе се издаваат преку аптеките
28.07.2026 17:01
Министерството за здравство подготвува децентрализација на онколошките услуги...

Дел од терапиите за пациентите со канцер наскоро ќе се издаваат преку аптеките, наместо исклучиво на Клиниката за онкологија. Министерството за здравство подготвува децентрализација на онколошките услуги. По лековите за рак на дојка, се разгледува можноста и таблетарната терапија за рак на простата да се подига во аптеките.
Паралелно се анализираат капацитетите на онколошките центри во државата, земјава се соочува со недостиг на апарати за радиотерапија, во моментов во функција се само три акцелератори.
