Собрание

Предлог-законот за проектот „Скопје – европска престолнина на културата 2028“ денеска пред пратениците

29.07.2026 09:37

До летниот одмор народните избраници ќе одржат уште три пленарни седници, меѓу кои и за поставување пратенички прашања. На денешната пленарка предлог-законот за спроведување на проектот „Скопје – европска престолнина на културата 2028 година“, по скратена постапка...

До летниот одмор народните избраници ќе одржат уште три пленарни седници, меѓу кои и за поставување пратенички прашања. Вообичаено последниот четврток во месецот е и брифинг на спикерот Гаши со новинарите.

На денешната пленарка предлог-законот за спроведување на проектот „Скопје – европска престолнина на културата 2028 година“, по скратена постапка.

Скопје ја доби оваа титула како можност за длабинска културна трансформација, меѓународна соработка и долгорочен развој на градот преку културата. Оваа иницијатива ја позиционира културата како клучен двигател на општествената кохезија, креативната економија и урбаниот развој, отворајќи простор за дијалог меѓу локалното и европското, традицијата и современото, институционалното и независното културно творештво.