Блиски исток

Иран ги брои штетите по последните напади од САД

29.07.2026 09:03

Шефот на Белата куќа се закани со нови напад доколку преговорите не успеат. Исламската република ги пребројува штетите од последните американски напади...

Иран лансираше „повеќе“ балистички ракети во ненадеен напад врз американските сили на Блискиот Исток, соопшти американската војска, со што се прекина затишјето во борбите. Во моментов Вашингтон и Техеран водат разговори преку индиректни претставници. Шефот на Белата куќа се закани со нови напад доколку преговорите не успеат. Исламската република ги пребројува штетите од последните американски напади.

„Аеродромот Бушер сега е целосно неупотреблив и ќе мора да се изгради од темел. Поморската контролна кула Чабахар – одговорна за следење на морските услови, пренесување информации и испраќање спасувачки екипи – исто така се урна. Итниот одговор првенствено се фокусираше на повторно отворање на критичните транспортни правци. Штабот за реконструкција ќе дејствува брзо за да ги обнови оштетените мостови и другата засегната инфраструктура. Што се однесува до аеродромите, сигурно ќе мора да најдеме алтернативни решенија бидејќи нивната обнова ќе одземе значително време“, изјави Фатемех Мохаџерани, портпарол на Владата на Иран.

Израелскиот премиер пак, се сретна со претседателот Трамп во Белата куќа каде што било разговарано за Иран.

„Завршив одличен состанок со претседателот Трамп. Кога велам одличен, не го мислам тоа на површен начин. Разговор со целосно партнерство, со взаемна поддршка, со разбирање на заедничката цел да се обезбеди Иран да нема нуклеарно оружје“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.

Средбата на Нетанјаху со Трамп е прва откако двајцата лидери почнаа заедничка војна против Иран.