Свет

Во Јапонија потрага по исчезнати во земјотресот

29.07.2026 10:07

Спасувачката операција продолжува во потрага по исчезнати. Потресот од 7,1 степен по Рихтер ја погоди областа Кумамото на јужниот главен остров Кјушу предизвикувајќи голема материјална штета...

Јапонската премиерка Такаичи изјави дека 13 лица загинале во силниот земјотрес што го потресе југозападниот дел на Јапонија. Спасувачката операција продолжува во потрага по исчезнати. Потресот од 7,1 степен по Рихтер ја погоди областа Кумамото на јужниот главен остров Кјушу предизвикувајќи голема материјална штета.

Агенцијата за управување со пожари и катастрофи соопшти дека повеќе од 260.000 луѓе биле советувани да се евакуираат, повеќето од нив во префектурата Кумамото, но и во соседната префектура Нагасаки.