Сенатот го усвои законот за санкции за Русија
Состанокот во овалната соба, кој беше затворен за медиумите, следеше по средбата на Самитот на НАТО претходно овој месец во Анкара, каде што Трамп објави дека САД ќе и дадат на Украина лиценца за производство на одбранбени системи Патриот...

Претседателот Трамп и украинскиот претседател Зеленски разговараа за начините Украина да произведе сопствено моќно оружје и други идеи што би можеле да помогнат во тековната војна со Русија. Состанокот во овалната соба, кој беше затворен за медиумите, следеше по средбата на Самитот на НАТО претходно овој месец во Анкара, каде што Трамп објави дека САД ќе и дадат на Украина лиценца за производство на одбранбени системи Патриот. Во исто време Сенатот го направи првиот чекор и го протурка законот за санкции против Русија.
„Санкциите, притисокот врз Русија се многу важни. Не станува збор само за пари. Како Русија да ја запре, како да ја финансира оваа војна, туку е и голем сигнал до Европа, голем сигнал до Украина, голема поддршка за нашиот народ“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Законот му дозволува на претседателот да воведе царини на петте најголеми купувачи на руска нафта или природен гас во светот – меѓу кои се кина и Индија на врвот на таа листа. Предвидува исклучоци за земјите што увезуваат помалку од 15% од нивниот природен гас од Русија и преземаат чекори за намалување на увозот. Преговарачите, исто така, додадоа продолжување на одредени санкции врз Иран откако Трамп побара од Сенатот да го додаде Иран во законот.
