Семејство

Помалку бракови, повеќе разводи

29.07.2026 17:43

Статистиките за македонската брачна заедница не се за пофалба. Се зголемуваат разводите, опаѓа склучувањето бракови...

Многу свадби и веселби, ама недоволно. Македонската брачна заедница преживува голема криза. Статистиките се неумоливи-лани за пет проценти помалку склучени бракови, а за осум проценти повеќе разводи во споредба со 2024. На пет склучени, еден разведен.

Психолозите набројуваат-недостасуваат комуникација, разбирање, неверство, љубомора, пад на морални вредности, раст на малодушност пред првиот животен предизвик.

Граѓаните ги споменуваат парите, брзото темпо на живот, отсуството на толеранција.

Од Центарот за социјални работи ги додаваат пороците како причинители за разводот, семејното насилство.

И психолозите и социјалните работници препорачуваат задолжителни советувања и стручна помош. Граѓаните инсистираат на љубов и толеранција.

 

Елизабе Митреска