ДКСК: Закони донесени по скратена постапка што ги заобиколуваат системските закони, се ризик од корупција
Оттаму предупредуваат на зголемување на ризикот од корупција, по информацијата дека Законот за јавни набавки нема да важи за тендерите, вредни 21 милион евра за „Скопје- Европска престолнина на културата 2028“...

Државната комисија за спречување корупцијата предупредува – секое законско решение, со кое се предвидува исклучување или ограничување на примената на одредбите од Законот за јавни набавки, мора да биде јасно и детално образложено и да содржи ефикасни механизми за спречување корупција и злоупотреба на јавните средства. Оттаму предупредуваат на зголемување на ризикот од корупција, по информацијата дека Законот за јавни набавки нема да важи за тендерите, вредни 21 милион евра за „Скопје- Европска престолнина на културата 2028“.
Претходно и платформата на граѓански организации за борба против корупцијата побара повлекување на Предлог-законот.
