ДКСК

ДКСК: Предлог-законот за спроведување на проектот „Скопје – европска престолнина на културата“ носи ризици за корупција

29.07.2026 16:06

Државната комисија за спречување корупцијата предупредува – секое законско решение, со кое се предвидува исклучување или ограничување на примената на одредбите од Законот за јавни набавки, мора да биде јасно и детално образложено и да содржи ефикасни механизми за спречување корупција и злоупотреба на јавните средства. Оттаму предупредуваат на зголемување на ризикот од корупција, по информацијата дека Законот за јавни набавки нема да важи за тендерите вредни 21 милион евра за „Скопје – европска престолнина на културата 2028“.

Антикорупциска го препознава носењето на закони по скратена постапка со кои се заобиколува примената на системските закони како висок ризик од корупција во својата стратегија и повика законодавецот, доколку оцени дека е неопходно, донесување на посебно законско решение во случајов за реализација на проектот „Скопје – европска престолнина на културата 2028 година“, да ги содржи механизмите утврдени со Законот за јавните набавки кои гарантираат интегритет, законитост, транспарентност, економичност и јавна отчетност.

Вакви значајни законски решенија задолжително претходно треба да се доставуваат до ДКСК за нивно разгледување од аспект на корупциски ризици, порачаа од комисијата.

Собранието веднаш да го прекине донесувањето на законот, повика и Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата поради тоа што тој му дава огромни дискрециски овластувања на градоначалникот, што отвора широк простор за корупција, па побараа тој да се достави на разгледување до ДКСК.

Фиљана Кока