Скијачки скокови

Моргенштерн рече: „Доста е“

26.09.2014 16:04

Трикратниот олимписки првак во скијачки скокови, Австриецот Томас Моргенштерн, објави крај на богатата и успешна кариера, еден месец пред да го прослави 28.роденден.

Минатата сезона доживеа два тешки пада, од коишто особено страшен беше оној на тренинг на леталницата во Кулм, на којшто ги повреди главата и белите дробови. Успеа да заздрави навреме за ЗОИ во Сочи, каде што освои екипно сребро.

Моргенштерн е еден од четворицата во историјата коишто ги освоиле сите четири најголеми натпреварувања – олимписки, светски првак, освојувач на Светскиот куп и победник на новогодишната турнеја „Четири скокалници“.

На ЗОИ освои едно поединечно злато (во Торино 2006), две екипни злата (во Торино 2006 и Ванкувер 2010) и екипно сребро во Сочи. Во Светскиот куп забележа 23 победи и имаше вкупно 71 пласман на пиедесталот.

„Доста е. По страшниот пад само четири пати скокнав од голема скокалница, бидејќи навистина се плашев за своето здравје. Тешко е да се прифати реалноста, но понекогаш е подобро навреме да се донесат вистинските одлуки“, изјави Томас Моргенштерн.