Време

Топлотен бран ја зафаќа Македонија, температурите ќе надминат 40 степени

29.07.2026 20:16

Земјава пред налетот на нов топлотен бран. Живата во термометарот ќе се искачи над 40 степени. Лекарите велат – последиците веќе се чувствуваат...

Од дожд и невреме директно кон пеколни температури. Сонцето ќе пржи, температурите ќе растат. Се приближува топлотен бран. Синоптичарите предупредуваат, живата на термометрите ќе го надмине четириесеттиот степен.

Граѓаните што имаат обврски на отворено, бараат сенки. Водата е најдобар сојузник, а клима-уредите работат со полна пареа. Од крајот на неделава жештината повторно ќе стане главна тема. Од утринското кафе, па се до вечерните разговори.

Зголемен број на мозочни удари, сообраќајни незгоди, колапси на јавни места, па дури и обиди за самоубиства. Ова е билансот во последното деноноќие на Итната медицинска помош.

По временските пресврти, Македонија повторно се соочува со нов температурен предизвик.

Александра Спировска