Предлог-законот за проектите од „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“, симнат од дневниот ред на пленарнката
По жестоките реакции во Собранието, Предлог-законот за проектите од „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“ симнат од дневниот ред на пленарнката. Ова е епилогот од вонредна координација, свикана од спикерот Гаши. Решението ќе се бара по одморите...

По жестоките реакции во Собранието, Предлог-законот за проектите од „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“ симнат од дневниот ред на пленарнката. Ова е епилогот од вонредна координација, свикана од спикерот Гаши. Решението останува во процедура, компромис ќе се бара по одморите.
СДСМ, пак, бара целосно повлекување на законот. Од партијата предупредуваат дека не смее да се дозволи, 21 милион евра вредни проекти да се спроведуваат без тендер и на тој начин, да се легализира корупција.
Претходно и опозициските ДУИ, Албанска лига и Алијанса за Албанците жестоко реагираа дека Гаши не го почитува Деловникот и го брза решение, за кое материјалите на албански јазик немале потпис од него и архивски број.
Со решението се предвидува, Законот за јавни набавки да не важи за тендерите вредни 21 милион евра за „Скопје – Европска престолнина на културата“ и да ги спроведува фондацијата што треба да го реализира проектот.
Игор Панов
