Околу 60 студенти од следниот месец на пракса во општините
Почнува спроведувањето на проектот „Месеци на практикантство“, студенти ќе стекнуваат практични знаења во општините. Практикантите ќе бидат распределени според потребите на секоја општина – ќе се ангажираат правници, економисти и друг стручен кадар што недостасува...

Над 60 студенти летово ќе добијат можност да се стекнат со практично искуство во општините. Наместо да учат само теорија во амфитеатрите, два месеца ќе работат рамо до рамо со општинските службеници. Практикантите ќе бидат распределени според потребите на секоја општина – ќе се ангажираат правници, економисти и друг стручен кадар што недостасува.
Најголем предизвик за општините е недостигот од стручен кадар.
Вратата ќе ја отворат 40 општини, а доколку проектот биде успешен в година ќе биде проширен со поголем број студенти, локални самоуправи и можност за вклучување и на приватниот сектор.
Практикантството ќе трае август и септември месец а оние практиканти кои ќе имаат можност да се стекнат со практично искуство во општините ќе го потпишат договорите веднаш по празниците.
Ана Јосифоска
