Економија

Очекувања за поевтини горива и стабилна инфлација

29.07.2026 18:37

По поскапувањето на цените на горивата, Владата со смирувачки пораки до граѓаните – се очекува поевтинување од идната недела, како и стабилизирање на инфлацијата.

Цената на нафтените деривати на светската берза постојано осцилира што се рефлектира и на домашниот пазар, но очекувањата се дека од понеделник ќе има намалување. Горивата се берзански производ на чија цена не може да се влијае, но со мерките според Владата имаме најниски цени во регионот и пошироко. Државната каса тоа ја чини неколку дестици милиони евра, а целта е заштита на стандардот на граѓаните. Во понеделник ќе се анализираат акцизите и ќе се прави пресек за втората половина од месецот.

Премиерот уверува дека сè уште нема основа за интервенција кај цените на прехранбените производи ако се споредат економските показатели од 2022-ра година кога почна војната во Украина и сегашната војна во Заливот. Смета дека сега сме во далеку поголема предност пред останатите земји од регионот бидејќи тогаш сме биле на осмото место, а сега на трето по степенот на инфлација. Очекува дополнително стабилизирање на цените со податоците за јули.

Од опозицијата и понатаму обвинуваат дека Владата не презема мерки за заштита на стандардот на граѓаните, кој од ден на ден станува се позагрозен. 

Александра Велинова