Временска прогноза

Сончево и топло, температури до 39 степени

30.07.2026 08:16

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 10 до 22 степени, додека максималните ќе се искачат од 31 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и топло со слаб ветер од променлив правец.