Киев и Москва разменија нови напади
Руската војска со беспилотни летала нападна два брода во морето источно од Одеса...

Украинските сили нападнаа една од најголемите руски рафинерии за нафта, на повеќе од 1.500 километри од границата, која преработува 13 милиони барели нафта годишно. Руската војска со беспилотни летала нападна два брода во морето источно од Одеса. Украинскиот претседател синоќа предупреди дека постои голема веројатност за масовен руски напад, кој се подготвува веќе неколку дена. Им порача на партнерите дека заштитата на луѓето директно зависи од нивната подготвеност или неподготвеност да помогнат со ракети за воздушна одбрана.
Ова првенствено се однесува на Соединетите Американски Држави и оние партнери кои имаат ракети „Патриот“ и можат да ја поддржат украинската одбрана, изјави Зеленски.
