10 жртви при превртување на брод во Измир
10 лица загинаа откако се преврте брод во пристаниште во турскиот град Измир. Осуммина од загинатите биле дел од воен екипаж, а двајцата останати биле цивили. Во инцидентот се повредени уште 17 лица. Бродот во моментот кога се спуштал во водата се навалил на едната страна и се превртел.

10 лица загинаа откако се преврте брод во пристаниште во турскиот град Измир. Осуммина од загинатите биле дел од воен екипаж, а двајцата останати биле цивили. Во инцидентот се повредени уште 17 лица. Бродот во моментот кога се спуштал во водата се навалил на едната страна и се превртел.
Најмалку 14 лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени во силна експлозија во близина на полициска станица на 120 километри од Каиро. Меѓу ранетите е и началникот на градската полиција, а меѓу загинатите е шефот на неговиот кабинет. За сега не е познато кој го активирал експлозивот, но се знае дека истовремено експлодирале миниран автомобил и домашно направена бомба. Поради силината на детонацијата оштетени се и околните згради. Во областа е прогласена вонредна состојба.
Премиерите на Русија и на Украина Медведев и Азаров денеска ќе се сретнат во Москва, за да разговараат за билатералната економска соработка. Меѓудругото тие ќе разговараат и за трговијата, енергијата и за важни индустриски и инфраструктурни проекти. Претходно Украинскиот претседател Јанукович изјави дека Киев размислува да побара статус на набљудувач во Евроазиската економска унија, предводена од Русија, а во која членуваат и Белорусија и Казахстан.
Почетокот на судењето на Первез Мушараф за предавство бидејќи на патот по којшто требало да мине бил пронајден експлозив. Се очекувало поранешниот претседател лично да се појави пред специјалниот суд во главниот град на Пакистан, Исламабад. Обвинувањето се однесува на тоа што во 2007 Мушараф воведе вонредна состојба, а поранешниот претседател смета дека случајот е политички активиран. Се очекува судот да реши дали судењето ќе се одложи или ќе се одржи во отсуство на Мушараф.
Двете ослободени членки на групата Пуси рајот се сретнаа на аеродоромот во сибирскиот град Краснојарск за да разговараат за идните планови. Тие беа ослободени откако претседателот Путин објави амнестија, а беа осудени на две години затвор поради хулиганство за настап со панк песна во московската катедрала во февруари 2012 година, во којашто го критикуваа Путин. Извори велат дека тие планираат в петок да одржат прес конференција во Москва.
Марина Автовска
