пожари

Пожарите продолжуваат да ја пустошат Европа

30.07.2026 18:46

Страшни пожари беснеат во Грција, каде што во борба со пламенот загинаа и тројца пожарникари. Слична е состојбата и во Франција и Шпанија...

Климатските промени го земаат својот данок. Ова лето се покажа кобно за стариот континент кои со денови е во немилосрдна борба со монструозните пожари. Прв на удар медитеранот. На грчкиот остров Крит тројца пожарникари загинаа справувајќи се со големиот шумски пожар. Издадени се наредби за евакуација на неколку области во близина на жариштето. Турција, Шпанија и Франција исто така се борат со огнени стихии. Француските власти стравуваат дека високите температури и ветерот би можеле дополнително да ја отежнат и онака комплицираната состојба. Најпогоден е винскиот регион Бордо каде што огнот проголта четирипати поголема површина од Париз и принуди над 200 илјади луѓе да ги напуштат своите домови. Чадот донесе мирис и на потешкотии во економската благосостојба на регионот. Анкетите покажуваат дека над 94 проценти од бизнисите се соочуваат со сериозни загуби.

„Обично т доаѓаат околу 4.000 луѓе да ја посетат винаријата и да дегустираат вино, но годинава се сомневам дека ќе дојдат половина од таа бројка. Можете да го видите и родот. Тој е многу помал од вообичаено“, изјави Едуар ле Грикс – менаџер на винарија.

„Годинава со пожарите, имаме помалку посетители, за жал една третина помалку од претходните години. Имавме една група која ја откажа турата сега во понеделникот. Се обидуваме да бидеме оптимисти, но сепак стравуваме за сезоната. Имаме 60 хектари шума и земјиште околу имотот, луѓето овде го бараат мирот, а поради пожарите мислам дека не нема сакаат да дојдат“, изјави Елоди Роналд – раководител на Одделот за вински туризам.

И Шпанија е во состојба на зголемена готовност по избувнувањето на страотниот шумски пожар во близина на Мадрид. Премиерот Санчез предлага европската унија да отвори центар за борба против шумски пожари на островот Мајорка. Дополнителен предизвик претставуваат најавите на метеоролозите кои укажуваат на тоа дека Европа одново се соочува со топлотен бран. Во наредните денови се очекуваат температури кои ќе го надминат 40-от степен, а силниот ветер дополнително го зголемува ризикот од ширење на пожарите.

 

Маја Стојанова