Обвинетиот за РЕК Битола, Борче Марковски ја напуштил Македонија откако струшкиот суд му го врати пасошот
Само неколку дена откако струшкиот суд му го врати пасошот, Борче Марковски, обвинет за злоупотреби со тендерите во РЕК „Битола“, ја напушти Македонија. Според информациите, позитивно мислење за враќањето на пасошот дало Вишото јавно обвинителство во Битола. Адвокатот на Марковски вели дека не избегал, туку отишол на службени разговори во Србија...

Само неколку дена откако струшкиот суд му го врати пасошот, Борче Марковски, обвинет за злоупотреби со тендерите во РЕК „Битола“, ја напушти Македонија. Според информациите, позитивно мислење за враќањето на пасошот дало Вишото јавно обвинителство во Битола.
Од Јавното обвинителство велат дека притвор беше побаран веднаш кога се отворил случајот, а дека замената со гаранција и одземање на пасошот на Марковски пред неколку месеци е одлука на судот.
Бизнисменот е првообвинет во предметот со злоупотреби при јавни набавки во РЕК „Битола“, во кој се обвинети уште седум физички и едно правно лице, од кои петмина се директори и раководители на подружници во комбинатот. Марковски излезе од притвор во јануари годинава, откако даде гаранција во вредност од речиси 5 милиони евра во недвижен и движен имот, односно куќа и три стана, како и 25 булдожери и камиони.
Адвокатот на Марковски вели дека не избегал, туку отишол на службени разговори во Србија и ќе се врател на 1-ви август.
