Три деца загинати во пожар дива ромска населба во Нови Белград
Синоќа после полноќ, во дивата ромска населба во Нови Белград, се случи страотна несреќа, кога во пожар загинаа 3 малолетни ромски деца.
Во картонската барака изгореа 9 годишниот Миленко Станковиќ и неговите две сестри, Анѓелка стара 5 годишната и три годишната Сања Станковиќ.
Според сведоците и полицијата, пожарот бил предизвикан од запалена свеќа со која се грееле децата, по што се проширил на целата картонска барака, која веднаш изгорела.

Од пожарот успеала да се спаси нивната мајка, бегајќи со бебе во рацете. Спасено е уште едно дете, кое спиело кај соседите. Противпожарните едници веднаш пристигнале на местото на несреќата, но бараката веќе изгорела. Полицијата врши увид на местото на настанот.
Од ромската населба во Белград за МТВ-Оливер Бранковиќ