Државните ревизори утврдија недоследности во работењето на ФЗО
Во извештајот за 2024-та, Државниот завод за ревизија констатира проблеми што ја загрозува секојдневната ликвидност на Фондот за здравствено осигурување, поради ненавремената уплата на средства по основа на придонеси од надлежните институции...

Во извештајот за 2024-та, Државниот завод за ревизија констатира проблеми што ја загрозува секојдневната ликвидност на Фондот за здравствено осигурување, поради ненавремената уплата на средства по основа на придонеси од надлежните институции. Тоа придонело до отежнато навремено сервисирање на обврските на здравствените установи, во рамки на договорените надоместоци.
Ревизорските наоди потврдуваат дека неплатените придонеси од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување достигнале околу 137 милиони евра, заклучно со февруари годинава, додека неисплатените средства од Министерството за здравство за неосигурените лица на крајот на 2024-та се приближно 35 милиони евра.
И покрај преземените активности за спроведување на дадените препораки од претходните ревизии и понатаму постојат слабости и потребни се системски подобрувања, наведуваат од Државната ревизија.
