Апелационен суд

Зоран Герасимовски избран за в.д. претседател на скопска Апелација

30.07.2026 12:56

На седницата на Судскиот совет доби поддршка од девет членови. Претходно, предлогот Тања Милева да биде ве де претседател на Апелацискиот суд не го доби потребното мнозинство...

Зоран Герасимовски е избран за вршител на должност претседател на скопска Апелација. На седницата на Судскиот совет доби поддршка од девет членови. Претходно, предлогот Тања Милева да биде ве де претседател на Апелацискиот суд не го доби потребното мнозинство. За неа гласаа само двајца членови на Советот.

Герасимовски за судија во тетовскиот Основен суд е избран во 2005 година, а од 2017-та е судија во скопскиот Апелациски суд. Во 2022 година беше избран за член на Судскиот совет од редот на судиите, но една година подоцна поднесе оставка од функцијата, образложувајќи дека поради несогласувања во работата на советот смета дека поголем придонес може да даде како апелационен судија.