Критики за назначувањето на Фетаи во Брислел
Ексвицепремирот за добро владеење кој предизвика бура од реакции во јавноста со неговото заминување, но и јавно несогласување со коалицискиот партнер ВЛЕН, доцна вчера преку социјалните мрежи се пофали дека Владата го именувала за специјален пратеник на Македонија во ЕУ. Од Владата без коментар за статусот на Фетаи.

Владата ниту го потврдува ниту го демантира назначувањето на поранешниот вицепремиер Арбен Фетаи за постојан претставник во Брисел кој самиот се пофали на својот Фејсбук заблагодарувајќи се на владата и на премиерот Мицкоски за укажаната доверба.
„Задачата што ми е доверена е да се ангажирам во унапредувањето на процесот на европска интеграција на нашата земја, зајакнување на политичката поддршка во институциите на Европската унија и земјите членки, придонес кон надминување на политичките и дипломатските предизвици и зајакнување на гласот на Северна Македонија во Брисел и европските престолнини“, стои на ФБ статусот на Фетаи.
Дека Фетаи ќе биде назначен на оваа функција, најави и копретседателот на ВЛЕН, Изет Меџити.
Но, ваквата одлука на Владата предизвика лавина од реакции. Либералдемократите го нарекоа плукање во лице на сите чесни граѓани кои секојдневно се борат за преживување.
„Ова е скандалозна порака дека во Македонија неодговорноста се наградува, а државните позиции се користат како приватен банкомат за задоволување на апетитите на власта. Истата таа неодговорност што носи трагедии, пожари, труења, епидемии и човечки жртви“, велат од ЛДП.
Реакции и од интегративците.
„Која задача ќе ја извршува тој, а не можат да ја извршат амбасадорот, нашата мисија, министерството за надворешни работи и министерството за европски прашања“, вели поранешниот министер за надворешни работи и актуелен потпретседател на опозициската ДУИ, Бујар Османи.
Екс вицепремиерот Фетаи два месеци не се појавуваше на работа после што си даде оставка.
Фиљана Кока
