Собрание

Гаши: Илинден ќе се чествува на најдобар можен начин

30.07.2026 14:35

Собранискиот спикер Африм Гаши, објасни зошто годинава нема да оди на Мечкин Камен, согласно со ротирачкото чествување на „Илинден“. Според него, поканата за Египет била поприоритетна.

„Илинден“ како нашиот најголем национален празник ќе биде чествуван на најдобар можен начин од страна на Собранието, со учество на сите манифестации по тој повод, единствено што јас лично нема да одржам говор на Мечкин камен поради мојата посетата во Египет на многу важна конференција, вели претседателот на Собранието, Африм Гаши, по реакции во јавноста за неговото отсуство во Крушево на 2-ри август. Вели, тој како спикер ги почитува сите државни празници, што го покажал уште од почетокот на неговата политичка кариера.

Во однос на Законот за правична застапеност вели, сè уште постои отпор кај партиите од албанската опозиција да го гласаат ова законско решение, па тој како спикер ќе оцени кога тој закон ќе се гласа на пленарка зашто е потребно е Бадинтерово мнозинство.

Пратениците со работа на пленарки и комисии ќе почнат по летниот одмор од 21-ви август.

Игор Панов