Буџет за 2015

Ново придвижување на економијата

26.09.2014 17:17

Кој колку трошел и за кои намени. Која влада била поефикасна и потранспарентна, кој наплатил повеќе казни. Во отсуство на опозицијата пратениците на владејачкото мнозинство ја анализираа предложената државна каса за в година. Во 2005-та кога владееше СДСМ биле наплатени 4,3 милијарди денари приходи од  казни,или  0,5 % од буџетот, споредуваше Иван Иванов од ВМРО-ДПМНЕ

„А денеска кога, како велат тие владее диктатура, тие изнесуваат само 2,3 милијарди денари или 0,01 % од буџетот се полни од казни“, рече Иван Иванов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

 Неговиот колега Сашо Аќимоски ја споредуваше ефикасноста на владите во регионот и нивната транспарентност.

,,За ефикасност на владата Македонија добила оценка 3,9, далеку пред владата на Хрватска со 2,5, Србија 2,6, Црна Гора 3,7, Италија 2,1, Унгарија 2,9, па дури и Словенија со 2,7, рече Сашо Аќимоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.  

Македонија е најтранспарентна земја во поширокото окружување, тврди Аќимоски. Тој презентира и детални податоци на ЕБРД за економскиот раст во регионот, каде Македонија испорачала најголемо зголемување на БДП во однос на другите земји. Главни двигатели на економијата се капиталните инвестиции, извозот, личната потрошувачка, а меѓу секторите предничи како и досега градежништвото.

Свето Николовски