Здравство

Прилеп: Хируршкото одделение со прва лапароскопска операција во регионот

30.07.2026 18:21

Хируршкото одделение при прилепската болница со прв зафат на лапароскопска операција во регионот. Одделението е екипирано за многу хируршки зафати и пациентите не мора да патуваат во Скопје…

Тимот хирурзи и персонал во прилепската болница ја изведе првата лапароскопска операција на ингвинална хернија или препонска кила.

Со тоа ова стана прв ваков зафат во Регионот.

Хируршкото одделение изведува многу оперативни зафати и пациентите не мора да патуваат во Скопје. Екипата од седум специјалисти, пет специјализанти, три уролози со двајца специјализанти е повеќе од стручна за речиси секакви зафати.

Интенција е во болницата да се изведуваат минимални инвазивни операции на тумори.

Елизабета Митреска