Судијата Мери Дика Георгиевска ги започна работните обврски во Уставниот суд
Во рамки на првиот работен ден, судијката Георгиевска оствари работен состанок со претседателот д-р Дарко Костадиновски кој ја запозна со внатрешната организација и начинот на функционирање на Уставниот суд, како и со судиите и вработените во стручната служба.
Судијата Мери Дика Георгиевска денеска ги започна своите работни обврски во Уставниот суд.
Во рамки на првиот работен ден, судијката Георгиевска оствари работен состанок со претседателот д-р Дарко Костадиновски кој ја запозна со внатрешната организација и начинот на функционирање на Уставниот суд, како и со судиите и вработените во стручната служба. На судијата Георгиевска ѝ се доделени работни материјали за претстојните активности на Судот.
Во наредниот период на судијата Георгиевска ќе ѝ бидат распределени предмети по кои ќе постапува како судија-известител.
Мандатот на судијата Мери Дика Георгиевска во Уставниот суд трае девет години.
