Странските инвестиции ги билдаат извозните потенцијали
Во 2013 тата година извозот од компаниите лоцирани во зоните изнесуваше 25 насто од вкупниот извоз на државата, надлежните очекуваат ако трендот на рст продолжи годинава да се позиционира на милијарда евра...

Расте извозот од индустриските зони. За осум месеци достигна 750 милиони евра, речиси колку што беше во целата 2013-тата. Според Дирекцијата за индустриски зони локомотива се новите капацитети на Ван Хол, Џонсон Контролс и Џонсон Мети. Со поголемa пареа работи и Кемет, а драстично зголемување кај извозните потенцијали регистрира и Текнохозе. Експертите велат –ефикасноста на производството е сигнал на заздравување на европската економија.
„На што се должи зголемениот извоз, секако подобри услови и економски раст во ЕУ и на странски инвестиции, зголемување на капацитетите но и на нови, се менува структурата на извозот, најголемо влијание имаат странските инвестиции, и нивниот извоз, двојно е зголемен извзот на машини и други уреди и 30 насто на хемиски уреди“, се на се позитивни движења вели професор Никица Мојсовска.
Според податоците од ТИРЗ, Џонсон Мети ги урива рекордите за извоз од зоните. Од овој месец ќе стартува со четвртата линија од производствениот процес, а од 2016 тата најави – ќе работи со полн капацитет. Според проектираното извезеното треба да достигне 900 милиони евра.
Во 2013 тата година извозот од компаниите лоцирани во зоните изнесуваше 25 насто од вкупниот извоз на државата, надлежните очекуваат ако трендот на рст продолжи годинава да се позиционира на милијарда евра.
Според статистика за седум месеци извозот од земјава се зголемил за 17,7 насто, главно кон земјите од ЕУ. Носечки извозни производи се катализаторите, фероникелот, производите од железо и челик. Државава е една од ретките во Европа што бележи трговски суфицит со Германија, два ипол пати повеке извезуваме од што увезуваме. Странските инвестции ја променија извозната структура. Но експертите велат сеуште проблем е што прво увезуваат а потоа извезуваат што ја намалува додадената вредност а може да се промени ако домашните фирми ги насочат бизнисите кон нивните потреби.
Сузана Фиданска Стоевска
