Критични случаи
Од седумтемина пациенти кои се лекуваат од западнонилска треска, двајца се во критична состојба и со механичка поддршка, вели директорот Цана. Само еден од хоспитализираните патувал надвор од земјава...

Седуммина пациенти со западнонилска треска се лекуваат на Клиниката за инфективни болести. Двајца од нив се на интензивна нега. За тројца пациенти кои се хоспитализирани тука постои сомнеж дека се инфицирани со западнонилска треска, но се чекаат анализите.
Пациентите имаат акутно заболување на мозокот и мозочните обвивки. 76-годишниот пациент повеќе од една недела е во тешка состојба, а од денеска состојбата се влошила и на 66-годишен пациент.
Никој не може да го процени текот на болеста и покрај терапијата состојбата може да се влоши.
Тројцата пациенти за кои се чекаат резултати се од Скопје. Од седумте потврдени случаи само еден патувал во Грција, други од комарец биле каснати во земјава. 80% каснати од инфициран комарец може да немаат никави симптоми, 20% може да развијат лесна клиничка слика, додека за 1% западнонилската треска може да заврши со тешки последици, па и смрт. Во последните 15 години во земјава се регистрирани 5 смртни случаи од западнонилска треска.
Наташа Јанчиќ Менковски
