Здравство

Министерството за здравство наложи дополнителна терестичка дезинсекција против комарци во населба Драчево

30.07.2026 20:45

Оваа активност претставува превентивна мерка што се реализира врз основа на стручната информација и проценката на ризик изготвени од Центарот за јавно здравје – Скопје за состојбата со комарците и потребата од дополнителна адултицидна дезинсекција, како и поради актуелната епидемиолошка состојба со лабораториски потврдени случаи на западнонилска треска во земјава...

Министерството за здравство информира дека го задолжи Центарот за јавно здравје – Скопје вечерва да спроведе дополнителна терестичка (од земја) адултицидна дезинсекција во населбата Драчево.

Оваа активност претставува превентивна мерка што се реализира врз основа на стручната информација и проценката на ризик изготвени од Центарот за јавно здравје – Скопје за состојбата со комарците и потребата од дополнителна адултицидна дезинсекција, како и поради актуелната епидемиолошка состојба со лабораториски потврдени случаи на западнонилска треска во земјава.

Станува збор за вонредно прскање против комарци, спроведено по индикација, согласно Програмата за јавно здравје и по добиените стручни информации од ЦЈЗ – Скопје.

Паралелно со оваа мерка, согласно годишниот план на ЦЈЗ – Скопје, континуирано се реализираат и редовните активности на територијата на Град Скопје. Од таму информираат дека во текот на мај и јуни се спроведени три акции на ларвицидна авионска дезинсекција. Во јули е реализирана и втората акција на терестичка адултицидна дезинсекција во повеќе скопски населби, како што се: Ѓорче Петров, Хром, Влае, Влае, Карпош, Дебар маало, Маџир маало, кеј на Вардар, Водно, Пржино, Драчево, Маџари, Лисиче и други населени места, насочена кон сузбивање на возрасните форми на комарци.